• четврток, 14 ноември 2024

Атлетик Билбао нема намера да се раздели со Нико Вилијамс

Атлетик Билбао нема намера да се раздели со Нико Вилијамс

Билбао, 8 август 2024 (МИА) - Раководството на Атлетик Билбао останува уверено дека ќе успее да го задржи дваесет и две годишниот Нико Вилијамс во составот и за следната сезона, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.

Репрезентативецот на Шпанија веќе почна да тренира со својот сегашен тим пред очекуваниот почеток на новата сезона 2024/2025.

Шефовите на Барселона не попуштаат во напорите да го ангажираат талентираниот фудбалер и во напорите да го убедат да му се приклучи на клубот во тековниот преоден рок.

Цената на Вилијамс се проценува на 70 милиони евра.

Минатата сезона во Ла Лига, тој забележа 5 гола и 14 асистенции на 31 натпревар. дс

Фото: Архива

Остани поврзан