• петок, 05 декември 2025

Атлетико Мадрид подготвен да плати високо обесштетување за Ромеро

Атлетико Мадрид подготвен да плати високо обесштетување за Ромеро

 

Мадрид, 4 јули 2025 (МИА) – Главна трансфер цел ова лето за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро (27), објавија денеска шпанските медиуми.

Аргентинскиот интернационалец е под договор со Тотенхем до јуни 2027 година, а лондонскиот клуб бара 70 милиони евра отштета за негово заминување.

Преговорите меѓу двата клуба траат веќе некое време, а медиумите тврдат дека Атлетико е подготвен да ја плати бараната сума.

Атлетико нуди 55 милиони евра, плус 15 милиони во потенцијални бонуси.

Минатото лето, Атлетико го доведе Хулијан Алварез од Манчестер Сити за 75 милиони евра, што се покажа како правилен потег, откако аргентинскиот напаѓач постигна 29 голови и имаше седум асистенции во својата прва сезона. И додека Алварез е клучен играч во нападот на Атлетико, Ромеро треба да биде столб на одбраната.

Неговото доаѓање е силно поддржано од претседателот на клубот Енрике Серезо и извршниот директор Хил Марин, наведуваат медиумите. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан