• недела, 22 декември 2024

Атанасовски: Се асфалтираат 1500 метри од патот кој води до Чобанско Маало во селото Костин Дол

Атанасовски: Се асфалтираат 1500 метри од патот кој води до Чобанско Маало во селото Костин Дол

Македонска Каменица, 24 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во рамки на своите наделжности и работни обврски, денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на локалниот пат во должина од 1500 метри кој води до Чобанско маало во селото Костин Дол.

Според Атанасовски станува збор за проект од витално значење за жителите на оваа рурална средина. 

-Убеден сум, дека со изградбата на подобра патна инфраструктура, ќе ја зголемиме сообраќајната поврзаност, условите за економски развој и ќе обезбедиме далеку подобар квалитет за живот на нашите жители и во крајните рурални населени места, истакна Атанасовски по извршениот увид.

Покрај асфалтирањето на делницата, од страна на изведувачот на градежните работи „Коле Транс Инженеринг“ ДОО - Штип, претходно како што додаде Атанасовски беа извршени активности за изградба на систем за одводнување на атмосферските води од коловозот.

-За изградба и асфалтирање на оваа делница, во должина од 1500 метри, инвестиравме приближно 6,5 милиони денари од буџетот на нашата општина, додаде Атанасовски.

Инвестицијата како што потенцираше претставува прва поголема инфраструктурна инвестиција и прв асфалтен пат, кој воопшто е изграден во село Костин Дол, од осамостојувањето на државава до денес. вс/дма/

 

Фото: Општина Македонска Каменица 

Остани поврзан