• петок, 05 декември 2025

Атанасовски: Започна асфалтирањето на нов локален пат во село Саса

Атанасовски: Започна асфалтирањето на нов локален пат во село Саса

Македонска Каменица, 25 септември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски денеска соопшти дека почна асфалтирањето на новиот локален пат до маало Алебаци во село Саса, со вкупна должина од 1 550 метри.

- Сите градежни подготовки кои обезбедуваат сигурна и долготрајна патна инфраструктура се целосно завршени и со тоа создадовме услови да започне асфалтирањето, изјави Атанасовски.

Тој потенцира дека проектот е продолжение на веќе реализираната изградба на локалниот пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“ кај маало Аџиите во село Саса.

- Со овој проект, како и со претходно реализираните, ја покажуваме нашата грижа за подобрување на животот на сите жители на општината. Со изградбата на нови патишта и инфраструктура во руралните средини обезбедуваме непречен пристап до секое домаќинство и создавање подобри услови за живеење, нагласи  Атанасовски.

Атанасовски додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи со инвестирање во патишта, инфраструктура и јавни услуги достапни за секој граѓанин.

- Нашата цел е да изградиме општина која вистински ќе работи за луѓето – за развој, поврзаност и сигурна иднина за сите генерации во Македонска Каменица, изјави градоначалникот. вс/мд/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица

 

Остани поврзан