• четврток, 26 септември 2024

Атанасовски: Во напредна фаза инсталирањето на фотоволтаични централи на три установи во М.Каменица

Атанасовски: Во напредна фаза инсталирањето на фотоволтаични централи на три установи во М.Каменица

Македонска Каменица, 26 септември 2024 (МИА) – Инсталирањето на фотоволтаичните централи за производство на електрична енергија на Домот на култура, Куќата на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица е во напредна фаза, информираше денес градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Во својата објава на неговиот фејсбук-профил, тој додаде дека очекува започнатите активности да бидат завршени до крајот на месец септември.

- Со инсталирањето на фотоволтаичните централи за производство на електрична енергија на Домот на култура, Куќата на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, правиме значителен чекор кон изградба на енергетски ефикасна, позелена и еколошки чиста општина. Инсталирањето на фотонапонските централи е во напредна фаза и очекуваме започнатите активности да бидат завршени до крајот на месец септември, истакна Атанасовски.

Со инсталацијата на фотоволтаичните системи на трите установи од вкупно 95,92 kWp, очекува значителна заштеда и намалување на сметките за електрична енергија за овие објекти.

- Ве уверувам, дека овој проект е само почеток на една нова ера на одржлив развој во нашата општина. Ќе продолжиме да работиме на спроведување на мерки кои ќе го подобрат квалитетот на живот на сите наши граѓани и ќе работиме на зачувување на природните убавини на нашата општина и регионот, додаде Атанасовски

Проектот се реализира во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион, од каде за имплементација на истиот се издвоени средства во висина од 2 193 505, оо денари со вклучен ДДВ. вс/ир/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на М. Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан