Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 10 март 2025
Во рамки на активностите за реконструкција на улица „8“, во населба Илинден извршено е асфалтирање на улицата со втор слој асфалт во должина од 300 метри, како дел од втората фаза од реконструкција на улицата. Со овие градежни активности се изврши целосна реконструкција на улицата, а покрај асфалтирањето се изгради и нов тротоар во должина од 300 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на асфалтирањето и истакна дека оваа втора фаза од реализација на проектот се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка.
Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција на третата и завршна фаза која Општина Илинден ќе ја реализира со сопствени средства од буџетот на Општината.
Оваа улица е главна сообраќајна артерија која ги поврзува Здравствениот дом и повеќе стопански субјекти на територија на Општина Илинден.
Општина Илинден
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Општина Илинден