• петок, 22 ноември 2024

Асфалтиран крак 2 од улица „81“ во Волково

Асфалтиран крак 2 од улица „81“ во Волково
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје ја асфалтираа улицата „81“, крак 2 во населеното место Волково во вкупна површина од 500 квадратни метри. Улицата е до должина од 150 метри и широчина од 3,30 метри.- Екипите денес продолжуваат со активностите за изградба на последниот крак 3 од улица „81“ во Волково, подготовка на теренот за асфалтирање, а потоа и на изградба на наредните улици кои се предвидени со утврдената динамика, се наведува во соопштението од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.
мд/дма/

Остани поврзан