Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
- Извршен директор и тимски шеф на Астон Мартин, Енди Кауел, одби да одговори на прашањата за интересот на тимот за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

Лондон, 19 февруари 2025 (МИА) - Извршен директор и тимски шеф на Астон Мартин, Енди Кауел, одби да одговори на прашањата за интересот на тимот за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Функционерот ги игнорираше прашањата за Верстапен и гласините дека на возачот му е понуден договор вреден една милијарда фунти.
- Имавме среќа со возачите. Ленс Строл и Фернандо Алонсо се многу искусни момци и имаме долгорочни договори со нив. Главната цел на тимот сега е да изгради брз болид, што не успеавме да го направиме минатата година. Уверен сум дека Строл и Алонсо ќе успеат ако им дадеме конкурентна опрема, изјави Кауел за „Crash.net“.
Минатата сезона Верстапен стана четирикратен шампион во Формула 1. Тој вози за Ред Бул од 2016 година. зс/
Фото: ЕПА