Асефа постави светски рекорд на женскиот маратон во Лондон
- Етиопјанката Тигст Асефа го собори денеска светскиот рекорд во женски маратон, победувајќи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа.

Лондон, 27 април 2025 (МИА) – Етиопјанката Тигст Асефа го собори денеска светскиот рекорд во женски маратон, победувајќи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа.
Асефа, која го освои сребрениот медал на олимпискиот маратон во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепгоскеи во последните неколку километри и прва мина низ целта.
Со денешниот резултат, Асефа го подобри претходниот рекорд од 2:16.16, поставен од Кенијката Перес Јепчирчир во Лондон минатата година.
На машкиот маратон во Лондон победи Кениецот Себастијан Саве, кој ја мина целта за 2 часа, 2 минути и 20 секунди. ег
ФОТО: Фејсбук