• сабота, 23 ноември 2024

Асани: Дрвото што го засади Мајка Тереза ​​можеше да се санира

Асани: Дрвото што го засади Мајка Тереза ​​можеше да се санира
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Дрвото што го засади Мајка Тереза ​​пред 40 години по повод нејзината последна посета на Скопје во 1980 година, можеше да се санира, а сега некој се обидува да ја уништи нејзината дејност, истакна на денешната прес-конференција директорот на Институтот за Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), Скендер Асани. Во демократско-западниот свет, каде што и ние како општество и држава целиме да се интегрираме, посочи Асани, дури и одредени дрвја во градовите имаат статус на културно-историски споменици. - Таму овие дрвја се идентификуваат со големо внимание, се заштитени од глодари и разни инсекти, се лекуваат од многу болести, се ревитализираат и никој не се осмелува да им наштети бидејќи со тоа прават кривично дело. Пред неколку дена, силниот ветар ја искорна елката на Мајка Тереза и ние како Институт апелиравме за максимално да се внимава со оваа елка, бидејќи се надевавме дека заедно со Град Скопје ќе најдеме заеднички јазик во однос на повторно засадување на оваа елка на местото на старата, рече тој. Асани потенцира дека наместо да се спаси од натамошни оштетувања, елката била исечена и искршена на неколку парчиња од ЈП „Паркови и Зеленило“. - Ова Јавно претпријатие на Град Скопје, целосно непочитувајќи ги нашите професионални барања и сугестии, грубо го наруши историскиот и културниот елемент на наследството на Гонџе Бојаџиу - Мајка Тереза, од причина што, освен што елката е засадена од самата рака на Мајка Тереза, таа го означува и местото каде што беше нејзината родна куќа. Исто така, со уништувањето на оваа елка, Град Скопје со или без намера, го откорнува и сентиментот кон една заедница која е во опасност од нејзино асимилирање, како што се Скопските католици. Последниве немаат ни миса на албански јазик, но и овој проблем ќе се реши со назначување на свештеник кој ќе држи миса на мајчиниот јазик на католиците од Скопје. На нашите последователни барања до г-ѓа Арсовска, за една консултативна средба, им одговараат само секирите и пилите, со кои таа командува преку ЈП „Паркови и Зеленило“, посочи тој. Асани рече дека ИДКНА смета дека наследството на Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза е обемно и треба да се зачува, но и плочата која беше оштетена, а, како што посочи, властите на Град Скопје се уште не ја дале правилната трага на епилогот од истрагите, во врска со сторителите на овој грозен чин. - Жалосно што едно Јавно претпријатие на Град Скопје, како што е „Паркови и зеленило“ може да биде толку безмилосно кон дрвјата кои се симбол на Скопје, и како е можно челниците на ова претпријатие толку брзо да се определиле за судбината на оваа елка, без претходна консултација со разни експерти. За апсурдот да биде уште поголем, директорот на ова ЈП дава смешно и неубедливо образложение дека наводно било невозможно да се врати оваа смрека на претходното место, иако вистината е сосема поинаква бидејќи можело да се санира ситуацијата и да се превенира целосното уништување на ова историско дрво. Повторното засадување на оваа елка можеше да се направи без проблем, бидејќи постоеја сите предуслови за такво нешто, доволно беше само да се вметне малку подлабоко од претходно. Во светот има многу случаи каде што дрвјата се преместуваат и тоа се прави без никаков проблем, бидејќи постојат сите био-вегетативни предуслови за таквите дрвја повторно да се обноват, рече тој.фф/лв/

Остани поврзан