• петок, 28 јуни 2024

Артета задоволен од играта на Арсенал против Кристал Палас

Артета задоволен од играта на Арсенал против Кристал Палас

Лондон, 22 август 2023 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше победата над Кристал Палас (1:0) на вчерашниот натпреварот од 2. коло во Премиер лигата.

 

- Ми се допадна како замените ја ги искористија своите минути откако влегоа во игра. Тие придонесоа за оваа победа. Одиме само напред. Сакаме да победуваме. За нас беше важно да ја зачуваме мрежата и да не му дозволиме на противникот да создава шанси, изјави Артета за клупскиот сајт на „топџиите“.

 

Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со шест бода, заедно со Брајтон и Манчестер сити.

 

Тимот на Микел Артета во следното коло ќе игра со Фулам на домашен терен на 26 август. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан