• сабота, 21 декември 2024

Арсовски: Хонорарците не се заштитени со закон и се потенцијална мета за линч, Владата нема што да крие

Арсовски: Хонорарците не се заштитени со закон и се потенцијална мета за линч, Владата нема што да крие
Скопје, 9 април 2021 (МИА) - Хонорарците се граѓаните на РСМ и нив не ги штити Законот за работни односи, а во ова политизирано општество овие луѓе се потенцијална мета затоа што во минатото сме имале такви искуства за понатаму да се линчуваат од разни центри и ботови, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски во емисијата 360 степени на Алсат.
Тој додаде дека не го заслужуваат тоа, затоа што како што рече, дадени им се професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Тоа е повреда на приватноста. Мора и овој аспект да се има предвид кога разговараме за темата.
-Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И Владата, правејќи го тој ,,тест’’ на штетноста увиде дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции, појасни Арсовски.
Додаде дека овие лица од некои центри поинаку се претставуваат од тоа што се,  се нарекуваат, рече, предавници, а често сме имале случаи каде што им се упатувале закани, што е недозволиво.
Најави дека од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци. скс/

Остани поврзан