• недела, 22 декември 2024

Арсовска изврши увид на градежните работи на улица во Шуто Оризари

Арсовска изврши увид на градежните работи на улица во  Шуто Оризари

Скопје, 20 јули 2023 (MIA) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари.

-Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните  активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Градот Скопје, како што се додава во соопштението, во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50, со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните на оваа општина.

-Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, за нашите сограѓани, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, се посочува во соопштението. дма/са/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан