Град Скопје за 10 проценти ги зголеми платите на над 6000 вработени
- Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот Синдикат на Град Скопје со зголемување на платите за 10 отсто.
Скопје, 9 октомври 2023 (МИА)- Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот Синдикат на Град Скопје со зголемување на платите за 10 отсто.
Остварувајќи го ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија, Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа, информираат од Град Скопје.
Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник , ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително, во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени, посочуваат од Град Скопје. љм/са/
Фото: Град Скопје