Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
- Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.
Лондон, 2 мај 2024 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.
Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.
Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.
Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА