• вторник, 17 декември 2024

Арсенал и Манчестер јунајтед викендов пред рекорден број гледачи во англиската женска лига

Арсенал и Манчестер јунајтед викендов пред рекорден број гледачи во англиската женска лига

 

Лондон, 16 февруари 2024 (МИА) – Натпреварот од англиската Суперлига меѓу фудбалерките на Арсенал и Манчестер јунајтед овој викенд треба да го собори рекордот на посетеност во лигата, откако лондонскиот клуб објави дека сите билети за дуелот на стадионот „Емирејтс“ се продадени.

„Прв пат во нашата историја официјално го распродадовме стадионот Емирејтс за натпревар во женската Баркли Суперлига“, објави Арсенал.

Продадени се над 60.000 влезници и сите угостителски пакети со што Арсенал ќе го собори сопствениот лигашки рекорд од 59.042 гледачи, што беше поставен во декември лани против Челзи.

„Благодарни сме на неверојатната поддршка која ја имаме во текот на целата сезона“, изјави извршниот директор н Арсенал, Винаи Венкатесхам.

Ова е втор пат стадионот „Емирејтс“ да биде распродаден за фудбалски натпревар во женска конкуренција. Прв тоа се случи минатата сезона за дуелот од Лигата на шампиони меѓу Арсенал и Волфсбург на кој беа присутни 60.063 гледачи.

Кога Арсенал во 2007 година ја освои Лигата на шампиони, реванш финалниот натпревар на лондонски „Мидоу Парк“ го следеа 3.467 гледачи. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан