• понеделник, 23 декември 2024

АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“

АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“

Скопје, 1 јуни 2024

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “.  Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација. 

Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“,  бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија.  софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот. 

„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година,  за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ -  изјави Ирина Јаневска од  АРНО. 

„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од  ЛеатхерандХиде.

„Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги  наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење  на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави  Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм 

„ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.

 

 АРНО 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: АРНО

Остани поврзан