• понеделник, 15 јули 2024

Аргентина ја победи Колумбија и ја освои Копа Америка

Аргентина ја победи Колумбија и ја освои Копа Америка

Мајами, 15 јули 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Аргентина рано утрово ја совлада Колумбија со 1:0 во финалето на Копа Америка 2024 година.

Основните 90 минути завршија нерешено, 0:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута по асистенцијата на Џовани Ло Селсо. Двајцата играчи влегоа на теренот во продолженијата.

Турнирот се одржа во САД. 

Претходно, во мечот за третото место, селекцијата на Уругвај ја победи Канада (2:2, 4:3 пенали).

Репрезентацијата на Аргентина по 16-ти пат ја освои Копа Америка и стана рекордер на турнирот, надминувајќи го Уругвај, кој има 15 трофеи. Бразил е трет со девет титули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан