• недела, 22 декември 2024

Аргентина без повредениот Меси на пријателските натпревари во САД

Аргентина без повредениот Меси на пријателските натпревари во САД

 

Мајами, 18 март 2024 (МИА) – Актуелниот светски првак Аргентина најверојатно ќе биде без својот капитен Лионел Меси, кој според најавите ќе ги пропушти поради повреда пријателските натпревари против Салвадор и Костарика.

Меси го повреди мускулот на ногата на осминафиналниот дуел во Конкакаф купот против Нешвил на кој постигна гол за Интер Мајами, а запиша и асистенција, пред да биде повлечен од теренот.

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, рече дека целта на Меси и на клубот е аргентинскиот фудбалер да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Купот Конкакаф во кој американскиот клуб на домашен терен ќе игра против мексикански Монтереј на 4 април.

„Се сомневам дека може да биде подготвен за натпреварите на репрезентацијата. Попаметно е да има малку подолга рехабилитација за да може целосно да закрепне“, изјави Мартино.

Пред Аргентина се два пријателски натпревари, против Салвадор во Филаделфија на 22 март и четири денови подоцна против Костарика во Лос Анџелес. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан