• сабота, 22 февруари 2025

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот

Дубаи, 12 февруари 2025 (МИА) - Раселувањето на Палестинците од нивните територии во Појасот Газа и Западниот Брег е „неприфатливо“ за регионот, изјави денеска генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.

„Тоа е неприфатливо за арапскиот свет кој се бори со оваа идеја 100 години“, рече тој на самитот на светските влади во Дубаи, на прашањето за планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги пресели жителите на Газа. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан