Арагчи ќе се сретне со Виткоф
- Иранската новинска агенција Тасним објави дека министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи ќе се сретне со американскиот специјален претставник на САД, Стив Виткоф
Техеран, 2 февруари 2026 (МИА) – Иранската новинска агенција Тасним објави дека министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи ќе се сретне со американскиот специјален претставник на САД, Стив Виткоф.
Но, агенцијата не наведе повеќе детали, кога и каде ќе се оствари средбата.
Арагчи вчера изјави дека е „уверен дека може да се постигне договор“ со САД за иранската нуклеарна програма.
И претседателот на САД, Доналд Трамп пред два дена наведе дека „Иран сериозно разговара со САД“. ми/јт/
фото: ЕПА