• недела, 22 декември 2024

Апсења во Пакистан по муслиманските напади врз цркви и христијански домови

Апсења во Пакистан по муслиманските напади врз цркви и христијански домови

Џаранвала, 17 август 2023 (МИА) - Пакистанската полиција уапси речиси 130 муслимани во текот на ноќта во источниот дел на земјата каде толпа муслимански верници, револтирани од наводното сквернавење на Куранот од страна на христијанин, претходно ги нападнаа црквите и домовите на малцинските христијани.

Жртви нема, бидејќи христијаните кои живеат со своите семејства во станбена област во областа Фаисалабад во градот Џаранвала брзо побегнале на побезбедни места.

Христијаните кои денеска се вратија во своите домови можеа да видат дека најмалку една црква е целосно изгорена, а уште четири оштетени за време на немирите.

Калид Мухтар, локален свештеник, изјави дека повеќето христијани кои живеат во областа побегнале на побезбедни места.

-И мојата куќа беше изгорена, посочи тој и додаде дека, очигледно, повеќето од 17-те цркви во Џаранвала биле цел од напаѓачите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан