• понеделник, 23 декември 2024

Апликација за читање хиероглифи

Апликација за читање хиероглифи
Александрија, 16 јули 2020 (МИА) - Гугл ја претстави својата нова програма наречена Фабрициус, која се користи како преведувач за египетски хиероглифи, односно дешифрирање на ова древноегипетско писмо. Оваа функција е веќе дел од постоечката апликација „Уметност и култура“. Сепак, во теорија, би требало програмата уште повеќе да се усоврши. - Иако е импресивно, таа сѐ уште не е на ниво да биде замена за високообучен стручњак за читање древни натписи... Сепак, ова  е чекор кон тој пат, истакна д-р Роланд Енмарк - професор по египтологија на Универзитетот на Ливерпул. Откривањето на софтверот се поклопува со годишнината од откривањето на Каменот од Розета во јули 1799 година. Тоа е еден од најзначајните наоди во египтологијата. Фабрициус во овој миг е достапен на англиски и арапски јазик. Софтверот овозможува корисникот да вчита фотографии од хиероглифи што се наоѓаат на артефактите и, дигитално да го подобри своето знаење и проучувањето на анализата на тие симболи, како и деловите што недостасуваат и се избришани.  си/сд/

Остани поврзан