• четврток, 14 ноември 2024

Анчелоти сака нов голман во Евертон

Анчелоти сака нов голман во Евертон
Ливерпул, 10 јануари 2020 (МИА) - Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти сака клубот што е можно поскоро да привлече нов голман, тврди Сан. Менторот не е особено задоволен од настапот на Џордан Пикфорд откако го презеде тимот. Англискиот репрезентативец бележи и силни и слаби натпревари, и на италијанскиот ментор тоа не му се допаѓа. Поради оваа причина, Карло соопштил на газдите на „карамелите“ да пронајдат нов голман за да се натпреварува со Пикфорд за стартното место под рамката. Тој сака новиот голман да пристигне во клубот до крајот на трансфер прозорецот. Така, иднината на Пикфорд на „Гудисон Парк“ станува доста нејасна. Голманот на Англија има 24 натпревари за „Трите лава“ и тешко дека ќе има проблем да пронајде нов тим ако одлучи да ја смени клупската припадност.

Остани поврзан