• сабота, 27 јули 2024

Анчелоти: Му реков на Валверде дека ќе ја искинам тренерската лиценца ако не постигне барем 10 гола во една сезона

Анчелоти: Му реков на Валверде дека ќе ја искинам тренерската лиценца ако не постигне барем 10 гола во една сезона
Мадрид, 15 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти се пошегува на сметка на Феде Валверде. Дваесет и четиригодишниот играч од средниот ред постигна три гола и даде две асистенции на осум натпревари оваа сезона за Реал Мадрид. - Најмногу ме изненади тоа што постигна толку малку голови. Минатата сезона имаше само еден гол. Му кажав на Феда дека има камена нога - тоа беше неверојатен удар. На натпреварот против Лајпциг погоди од левата страна. Му реков дека ќе ја скинам тренерската лиценца ако не постигне барем десет гола во една сезона. Сè уште е рано да го наречеме најдобар во светот на неговата позиција - треба да почекаме малку, изјави Анчелоти по победата на Реал Мадрид над РБ Лајпциг (2:0) во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми вчера објавија информација дека Реал пред почетокот на сезоната одбил 100 милиони евра од Ливерпул за Валварде. зс/

Остани поврзан