Анчелоти: Винисиус ќе ја освои Златната топка 2024
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е убеден дека напаѓачот на неговиот тим, Винисиус Жуниор ќе ја добие наградата за најдобар фудбалер во светот за сезоната-2023/24.

Мадрид, 28 септември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е убеден дека напаѓачот на неговиот тим, Винисиус Жуниор ќе ја добие наградата за најдобар фудбалер во светот за сезоната-2023/24.
- Верувам дека ќе победи, но ако не, ништо нема да се случи. Одиме понатаму, и Винисиус исто така. Но, мислам дека тој ја заслужува Златната топка, изјави Анчелоти за „Марка“.
Минатата сезона, 24-годишниот Винисиус, заедно со Реал Мадрид, го освоија првенството на Шпанија, супер-купот во земјата и Лигата на шампионите. Тој имаше 24 голови и 11 асистенции на 39 натпревари на сите турнири за тимот на Мадрид.
Церемонијата на Златната топка ќе се одржи на 28 октомври во Париз. зс/
Фото: ЕПА