• петок, 05 декември 2025

Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами

Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами

Мајами, 3 мај 2025 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го покажа најдобриот резултат синоќа во спринтерските квалификации на Големата награда на Мајами.

Осумнаесетгодишниот Италијанец со време од 1:26.482 минута ја освои пол-позицијата. 

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е на второто место (+0,045), а неговиот соиграч Ландо Норис е на третото место (+0,100).

Главната трка во Мајами ќе се одржи утревечер со почеток во 22 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан