• петок, 13 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Антонели стана најмладиот возач кој бил лидер на трка во Ф1

Антонели стана најмладиот возач кој бил лидер на трка во Ф1

Сузука, 6 април 2025 (МИА) - За време на Јапонското ГП на патеката Сузука, 18-годишниот италијански возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели утрово стана најмладиот возач кој водел на трка во Формула 1.

Антонели стартуваше од шестата позиција, а откако пилотите од водечката група ги започнаа своите пит-стопови во 20. круг, тој беше на првата позиција.

Рекордер по возраст меѓу победниците на трките во Формула 1 останува четирикратниот шампион Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Тој победи на дебито за австрискиот тим во Шпанија со 18 години и 227 дена. 

Токму Верстапен ја извојува победата во Сузука, четврта последователна за него на оваа патека. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан