• петок, 05 декември 2025

Анкета: Педесет отсто од Германците ќе останат дома ова лето

Анкета: Педесет отсто од Германците ќе останат дома ова лето
Берлин, 21 мај 2020 (МИА) - Половина граѓани на Германија оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, годишните летни одмори ќе ги поминат дома и не планираат никакви патувања, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот Инфратест димап. Анкетата е спроведена по барање на германската АРД телевизија, во која 19 отсто од испитаниците планираат да заминат во некоја странска земја, а само три отсто планираат одмор надвор од Европа. Според испитувањето, 15 проценти Германци се уште не се сигурни каде ќе го поминат одморот оваа година. гт/

Остани поврзан