• недела, 24 ноември 2024

Анкета: Повеќето Германци оценуваат дека во нивната земја нема еднаквост меѓу жените и мажите

Анкета: Повеќето Германци оценуваат дека во нивната земја нема еднаквост меѓу жените и мажите

Берлин, 8 март 2023 (МИА) - Речиси три четвртини од жените во Германија не чувствуваат дека имаат еднакви права со мажите, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Ју Гав“, јави ДПА.

Севкупно, околу 62 проценти од испитаниците не веруваат дека „мажите и жените во Германија во моментов имаат еднакви права, ист социјален статус и дека третманот на двата пола е ист во секој аспект“.

Жените кои се со ова мислење изнесуваат 73 отсто од испитаниците, а мажите 48 проценти.

Учесниците во истражувањето споделија особено големи разлики на нивните работни места, при што 61 отсто од нив забележаа одредена или целосна нееднаквост на жените.

Истражувањето е спроведено меѓу 2.170 луѓе во Германија во периодот од 8 до 22 февруари. ссм/

Остани поврзан