• недела, 22 декември 2024

Анкета: Германските Слободни демократи ќе останат надвор од Бундестагот доколку сега има избори

Анкета: Германските Слободни демократи ќе останат надвор од Бундестагот доколку сега има избори

Берлин, 31 август 2024 (МИА)  - Помалиот коалициски партнер во германската Влада, про-бизнис партијата Слободни демократи (ФДП), нема да обезбеди влез во Бундестагот доколку националните избори се одржат сега наместо планираниот тајминг септември 2025 година, покажува најновата анкета на агенцијата „ИНСА“, јави ДПА.

Од последното мерење на рејтинзите на партиите поддршката за партијата на министерот за финансии, Кристијан Линднер, е опадната за еден процентен поен, на четири отсто, покажува анкетата што ја нарача весникот „Билд“.

Истражувањето е спроведено од понеделникот до петокот, по нападот со нож на Сириецот во Солинген, во кој загинаа три лица.

На партиите на изборите им треба поддршка од гласачите од минимум пет проценти поени за да добијат пристап до Бундестагот. 

Единствениот пат кога оваа партија не беше претставена во Бундестагот беше од 2013 до 2017 година.

Истражувањето, исто така, покажа дека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) ја подобрила својата позиција за еден процентен поен и достигна поддршка од 19 отсто во споредба со истражувањето од претходната недела.

АфД во моментов води во анкетите за утрешните избори за покраинскиот парламент во Тирингија и е многу блиску до конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на гласањето во Саксонија.

Истражувањето за федералните избори покажува дека поддршката за другите партии не е променета: ЦДУ има стабилни 31 отсто, централно-левичарските Социјалдемократи (ГСДП) имаат 16 отсто поддршка, Зелените – 11 отсто, а новопојавената популистичка Алијанса  Сара Вагенкнехт (АСВ) веќе има 9 отсто поддршка. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан