• недела, 22 декември 2024

Анкета: Околу 3,6 отсто од тинејџерите во Италија не се идентификуваат како машки или женски пол

Анкета: Околу 3,6 отсто од тинејџерите во Италија не се идентификуваат како машки или женски пол

Рим, 9 јули 2024 (МИА) - Околу 3,6 отсто од тинејџерите во Италија не се идентификуваат како машки или женски пол, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено денеска.

Анкетата на истражувачкиот институт ИАРД е спроведена меѓу 3.427 студенти на возраст од 13 до 19 години и за првпат во истражувањето на испитаниците им било дозволено да изберат опција во полето за пол, која гласи дека не се идентификуваат ниту како машки ниту како женски пол.

Поранешниот претседател на италијанското здружение на лекари за адолесценти Пјерникола Гарофало изјави дека резултатите од истражувањето веројатно не ја покажуваат реалната состојба и дека има поголем број тинејџери кои не сакаат да се изјаснат за својот пол.

Истражувањето покажа и дека 63 отсто од италијанските тинејџери се плашат од можен почеток на војна. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан