• понеделник, 23 декември 2024

Андреску ја забележа 10. последователна победа на УС Опен, таа се уште нема загубено во Њујорк

Андреску ја забележа 10. последователна победа на УС Опен, таа се уште нема загубено во Њујорк
Њујорк, 4 септември 2021 (МИА) - Седмиот рекет на светот Бјанка Андреску вечерва ја победи Грет Минен во третото коло на УС Опен (6:1, 6:2). Дваесет и едногодишната Канаѓанка ја освои својата 10-та последователна победа на Грен слемот во Њујорк. Шампионката од 2019 година не загуби ниту еден натпревар на УС Опен. Андреску го повтори својот најдобар резултат во кариерата во втората недела на Грен слемот. За место во четвртфиналето Канаѓанката ќе игра со Гркинката Марија Сакари. зс/

Остани поврзан