• петок, 22 ноември 2024

Андоновски: Не гледаме дека Владата има поддршка за да влегува во измена на Устав, затоа треба да се оди на избори

Андоновски: Не гледаме дека Владата има поддршка за да влегува во измена на Устав, затоа треба да се оди на избори

Скопје, 1 ноември 2022

Покана за лидерска средба не е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, главна тема на една таква лидерска средба  би требало да биде за предвремени парламентарни избори, бидејќи не гледаме дека Владата е стабилна за да може да отвора сериозни теми како промена на Устав, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот што се емитува во централниот Дневник на телевизија Сител.

„Што се однесува до поширок општествен консензус ситуацијата личи на онаа народната крчма без крчмар, разговори требаше да има пред да се потпишат уценувачки договори кон Македонија, а не да се ветува нешто што не можат да испорачаат. Ако тогаш се воспоставеше јасна и цврста црвена линија се ќе беше поинаку“, рече Андоновски.

Тој рече дека лидерот Христијан Мицкоски има конзистентен став и укажа дека има други политичари кои го менуваат ставот на дневна основа.

„Сега со вакви услови никогаш нема да се согласиме со уставни измени затоа што со тоа само ги легитимираме бугарските барања. Ние против Бугарите не сме имале ништо, но нивното тврдење дека  Македонците дека не постоеле пред 1945 времено е неприфатливо“, рече Андоновски укажувајќи дека треба да се разговара за надминување на политичката нестабилност, затоа што за такви измени на Устав треба силна општествена поддршка која Владата ја нема.

Говорејќи за македонскиот културен клуб што се формираше изминатиов викенд во Благоевград, тој рече „клубот носи име на општо прифатена личност од двата народи, голем антифашист“.

„Ние како партија го поддржуваме овој процес или клубовите. Некои не ни поминаа регистрација или се забранети. Тие поминаа голготи во Судот за човекови права во Стразбур, а станува збор за право на здружување, на говор. Тоа се Македонци и знаеме дека нивната борба ќе биде тешка, но ќе најдат начин правно да го вообличат тоа и да делуваат“, рече Андоновски.

Говорејќи за присуството на партиска делегација на отворањето на клубот во Благоевград што се случи викендов, Андоновски рече дека тоа е историски настан за кој како што рече „ќе се навраќаме со гордост“.

Според него доколку Бугарите отвориле клуб во Македонија кој би се занимавал со културни прашања, на пример насловен како Васил Левски би бил еднакво прифатен.

„Но, тие отвораат клубови за провокација, а не некои кои би соработувале на пример со наши уметници. Клубовите им се само со нивната реклама и да направат негативни чувства на Македонците, ако се оди на отворање на културни клубови, тоа ќе биде соработка и никој нема да има против тоа“, рече Андоновски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан