• понеделник, 23 декември 2024

Андоновски: Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија

Андоновски: Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имал поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакнал важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот.

- Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија, изјавил Андоновски, соопштија денеска од Министерството за дигитална трансформација. 

Тој ги презентирал плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини.

- Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област, истакнал министерот Андоновски. 

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, се наведува во соопштението, го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан