• петок, 05 декември 2025

Андоновска: За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС

Андоновска: За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека за време на владеењето на СДСМ за „кубење коса“ биле досудени четири години затвор, додека за горење на 14 живи луѓе - 1,5 година. Прес-конференцијата на Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост. 

„За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС. Судството под команда на СДС и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.

За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДС и ДУИ.

Судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда. Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи  скрати, поради 20% анекс на договор.

Ова е судството на СДС. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност!“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан