• понеделник, 23 декември 2024

Ангелов ги повика приврзаниците на ГЕРБ утре на протести пред бугарската Влада

Ангелов ги повика приврзаниците на ГЕРБ утре на протести пред бугарската Влада
Софија, 17 март 2022 (МИА) - Поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов, кој е пратеник на ГЕРБ во 47. Народно собрание на Бугарија, ги повика симпатизерите на неговата партија утре да учествуваат на протестот пред зградата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија се собраа поддржувачи на ГЕРБ и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-УДФ, меѓу кои и лидерот на УДФ Румен Христов. Адвокатот на Бојко Борисов, Менко Менков, со својот клиент влезе во зградата на Генералната управа на полицијата во Софија. Насобраниот народ скандирааше „Оставка“. нк/ми/

Остани поврзан