• петок, 22 ноември 2024

Ангеловска-Бежоска и Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање

Ангеловска-Бежоска и Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Зајакнувањето на капацитетите и унапредувањето на алатките за макроекономска анализа и проектирање во Народната банка ќе се остварува преку соработка и размена на искуства со експертски тим на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО). Како што соопшти денеска НБ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, од името на СЕЦО, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидуваат повеќе активности во областа на проектирањето и координацијата на макроекономската политика, преку спроведување на Проектот за макроекономско проектирање и управување. Амбасадорката Улман, искажала поддршка за продлабочувањето на соработката со централната банка и истакнала дека Народната банка е и ќе биде пример за кредибилна и независна институција во земјава. -Гувернерката на Народната банка истакна дека јакнењето на аналитичките капацитети на централната банка е од клучно значење, бидејќи кредибилните макроекономски анализи и проекции се основа за носење соодветни економски политики. Ангеловска-Бежоска ја посочи важноста на овој проект, особено во контекст на тековната криза и во услови на висока неизвесност, кога квалитетните макроекономски проекции играат значајна улога во следните активности на економските чинители. Ова е исклучително важно кај монетарната политика, каде што формирањето на очекувањата е суштинско за идните движења. Таа истакна дека централната банка ќе продолжи со постојано надградување и јакнење на аналитичките способности, стои во соопштението. Потпишувањето на Меморандумот се одржа во Министерството за финансии, во присуство на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој исто така потпиша Меморандум.лв/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан