• петок, 05 декември 2025

Анастасов најави решевање на јаловиштето во Пробиштип

Анастасов најави решевање на јаловиштето во Пробиштип

Пробиштип, 7 октомври 2025 (МИА) - Решавање на еден од најгорливите проблеми во Пробиштип, а тоа е јаловиштето, најави денеска кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов. Тој потенцира дека сите граѓани се изложени на ризиците од јаловиштето, бидејќи какошто вели советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласале „против“.

-Јаловиштето е горливиот проблем, кој не засега сите, бидејќи комитетот на ДПМНЕ сега го актуализира, а не се одважи да даде поддршка кога реално им понудивме решение, заедно со администрацијата и професори од рударскиот факултет, кои впрочем учествуваа во изработката на проектот, вели Анастасов.

Тој додава дека граѓаните на Пробиштип заслужуваат да ја знаат вистината. 

-ДПМНЕ Пробиштип имаше можност да гласа „за“ решавање на јаловиштето, но тие одбраа за ситни политички поени да го кочат процесот. На сметка на неколку послушници на ДПМНЕ, кои како награда за послушност кон Тоневски и сега се ставени на советничка листа, сите ние и понатаму сме изложени на ризиците од јаловиштето. Ние нудиме реални решенија, а не празни флоскули,  вели Анастасов. вдј/аа/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан