АМСМ: Нормализиран сообраќајот на автопатот од Скопје кон патарина Миладиновци
- Сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај беше автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон Петровец. аа/дма/
Фото: МИА архива