• сабота, 15 февруари 2025

Аморим пред дуелот со Тотенхем: Фан сум на Постекоглу

Аморим пред дуелот со Тотенхем: Фан сум на Постекоглу

Лондон, 14 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, објави дека е голем обожавател на работата на својот колега од Тотенхем, Анже Постекоглу и ги разбира мотивите на медиумите, кои прават споредби меѓу нив двајца. 

Тие произлегуваат од фактот дека и Португалецот и Австралиецот не се откажуваат од своите принципи дури и кога резултатите не се добри. Аморим, пак, го потенцира фактот дека и самиот е под поголем притисок, бидејќи работи во поголем клуб.

-Јас сум голем обожавател на Анге Постекоглу. Јас сум Португалец и сите португалски тренери можат да се прилагодат. Моментално користам еден систем бидејќи верувам дека ако работите со него, можете да играте со различни шеми во исто време. Ова е моја идеја. Но, не победуваме доволно натпревари и ги разбирам споредбите што се прават меѓу мене и Анже. Ги имаме истите проблеми. Според мене, сепак, со сета почит сум во поголем клуб, каде притисокот е поголем. Ги разбирам споредбите и многу е важно тренерот да ги следи своите принципи. Анже е многу добар тренер. Тој сака неговиот тим да игра фудбал на вистински начин. Ова е вистинскиот пристап, рече Аморим.

Дербито на колото е во недела во Лондон од 17,30 часот. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан