• понеделник, 23 декември 2024

Амнести Интернешнл го повика Израел да обезбеди вакцини за Палестинците

Амнести Интернешнл го повика Израел да обезбеди вакцини за Палестинците
Ерусалим, 6 јануари 2021 (МИА) - Амнести Интернешнл (АИ) денеска го повика Израел да им обезбеди вакцини против коронавирус на Палестинците на Западниот брег и Појасот Газа, оценувајќи дека државата е должна да го стори тоа според меѓународното право. Палестинските власти на Западниот брег, каде живеат околу 2,8 милиони Палестинци, не побарале јавно израелска помош за вакцинирање. Исламскиот екстремистички Хамас, кој управува со појасот Газа, со околу два милиона Палестинци, не се очекува да ја координира вакцинацијата со Израел. Организацијата за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека Израел треба да „престане да ги игнорира своите меѓународни обврски како окупаторска сила и мора веднаш да дејствува за да им обезбеди вакцини подеднакво и праведно на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот брег и Појасот Газа“ Палестинското Министерство за здравство во понеделникот соопшти дека ги очекува првите дози вакцини во февруари преку програмата Ковакс ((COVAX) ), поддржана од ООН, за сиромашните и земјите со среден приход. Израел започна со вакцинирање на населението на 20 декември, а први вакцинирани се здравствените работници над 60 години. Досега се вакцинирани околу 1,5 милиони луѓе. паг/    

Остани поврзан