• понеделник, 23 декември 2024

Амнести Интернешнл: Војската на Мјанмар во убиствен поход кон демонстранти

Амнести Интернешнл: Војската на Мјанмар во убиствен поход кон демонстранти
Лондон, 11 март 2021 (МИА) - Војската на Мјанмар користи смртоносна тактика и арсенал оружје што се употребува на бојното поле за да се изврши „убиствен поход“ на мирните демонстранти кои се спротивставуваат на воениот удар од 1 февруари, соопшти Амнести Интернешнл по анализата на видеа и фотографии од масовните протести. Колекцијата од 55 снимки нуди докази за „систематско и намерно убиство“, наведе Амнести во извештајот, повикувајќи го Советот за безбедност на ООН и меѓународната заедница да го запрат насилството.
- Овие тактики на армијата на Мјанмар не се нови, но нивните кампањи на убиствени походи никогаш порано не биле снимани во живо за да може светот да ги види, изјави Џоен Маринер, директор за одговор на кризи во Амнести Интернешнл.  Лабораторијата на организацијата провери повеќе од 50 видеа на судири со демонстранти и откри дека безбедносните сили „спроведуваат планирани, систематски стратегии, вклучително и употреба на смртоносна сила“. Советот за безбедност на ООН го осуди насилството во Мјанмар и ја повика војската да покаже воздржаност во одговорот на мирните протести, додека Соединетите Американски Држави воведоа санкции за децата на воениот лидер Мин Аунг Хлаинг. Советот за безбедност соопшти дека „силно го осудува насилството над мирните демонстранти, меѓу кои  жени, млади и деца. Советот ја повикува војската да биде максимално воздржана и нагласува дека ја следи ситуацијата“. паг/    

Остани поврзан