• четврток, 14 ноември 2024

Американски војник од Вирџинија обвинет за шпионажа

Американски војник од Вирџинија обвинет за шпионажа
Вашингтон, 19 јули 2020 (МИА) - Воен старешина на армијата на САД е соочен со обвинение  за предавање доверливи информации на Русија, објави викендов изданието Вирџинија пилот. Според докумените од воениот суд, Чарлс Бригс, морнар стациониран во Воено-морскиот клинички центар Портсмут, Вирџинија, лани предал доверливи информации на руски државјанин што ги добил преку неавторизиран пристап во владин компјутер. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во oобвинителниот акт се вели дека осомничениот бил свесен дека предавањето на информацијата може да наштети на САД или да биде од корист за друга држава. Исто така, Бригс се сомничи и за дела попречување на правдата, поседување и обид да гледа детска порнографија, прекршување општи правила и давање лажни официјални изјави. Тој не пријавил дека имал контакт со руски и италијански државјани и дека патувал за Србија. До неодамна, Бригс работел во секторот за информатички технологии во Клиничкиот центар  во Портсмут. Изданието дознава дека му била врачена покана да се јави на воен суд од виша инстанца в среда, кога може да му биде прочитано официјално обвинене. кб/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан