• сабота, 11 мај 2024

Американски воен брод собори проектили истрелани од Јемен

Американски воен брод собори проектили истрелани од Јемен

Вашингтон, 19 октомври 2023 (МИА) – Воен брод на американската морнарица собори три ракети кои биле истрелани од Јемен и се движеле кон север, јавија светските медиуми повикувајќи се на американските власти.

Американски високи претставници информирале дека Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney), разурнувач на морнарицата, бил во Црвеното Море и ги пресретнал трите проектили. Се уште не е сигурно дали тие биле насочени кон Израел, додека извештаите во израелските медиуми сугерираа дека израелските одбранбени претставници веруваат дека биле.

Еден од официјалните лица вели дека САД не веруваат дека ракетите биле насочени кон бродот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел. јт/

Фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан