• вторник, 05 ноември 2024

Американски воен авион се урна во источен Медитеран

Американски воен авион се урна во источен Медитеран

Вашингтон, 12 ноември 2023 (МИА) - Американски воен авион се урна во водите на источен Медитеран, соопшти Европската команда на САД (USEUCOM).

Во соопштението се вели дека авионот се урнал за време на тренинг активности. „Вечерта на 10 ноември американски воен авион кој изведуваше тренажни операции во источниот Медитеран доживеа несреќа и се урна“, се вели во соопштението за печатот.

Се истражуваат причините за несреќата, но нема знаци на непријателски дејствија, соопшти Командата. Се наведува и дека од почит кон погодените семејства, нема да бидат објавени дополнителни информации за луѓето кои биле во авионот. ссм/

фото: архива/илустрација

 

Остани поврзан