• среда, 13 ноември 2024

Американски бомбардери го надлетаа Персискиот Залив во демонстрација на сила 

Американски бомбардери го надлетаа Персискиот Залив во демонстрација на сила 

Вашингтон, 31 декември 2020 (МИА) Два американски бомбардери Б-52 го надлетаа Персискиот Залив, трет пат во изминатите 45 денови, демонстрација на сила и наводен повик до Иран да се воздржи од напади врз американски или сојзнички цели во регионот.

Мисијата сведочи за загриженоста деновиве во Вашингтон дека Иран може да изврши нови одмаздички мерки поврзани со наближувањето на годишнината од убиството на генерал-мајор Кесем Сулејмани на почетокот на јануари 2021.  

Сулејмани беше предводик на елитната едници „Кудс“ од милитантната организација Корпус на стражите на исламската револуција. 

Американските бомбардери извршили 30 часовен лет од авиобазата Минот во Северна Дакота и обратно, и се вратиле во базата вчера попладне. 

-САД продолжуваат со распоредувањена активни воени сили и средства во зоната на одговорност на Централната команда на САД за задржување на каков и да било потенцијален противник и даваат до знаење дека ние сме спремни и способни да одговориме на секаква агресија, насочена против Американци или нашите интериси, изјави Кенет Мекензи, раководител на Централната команда. 

Додаде дека САД не се стремат кон конфликт, но дека „никој не смее да ја потценува нашата способност да ги заштитиме своите сили или да дејствуваме одлучно во одговор на каков и да било напад“. 

Во Вашингто постои загриженост после ракетниот удар врз амбасадата на САД во Багдад, извршен од шиитски милитантни групи поддржани од Иран. 

Во нападот не нестрадаа американски државјани, но претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш по настанот искажа предупредување до адреса на Техеран. 

-Пријателска медицинска препорака до Иран: ако макар и еден Американец загине, одговорноста за ова ќе биде кај Иран. Размислете за тоа, напиша Трамп на Твитер. 

САД го намалија персоналот во амбасадата во Багдад. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан