• недела, 22 декември 2024

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - Шефот на Одделот за координација на санкциите при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и именуван помошник-државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан, денеска пристигна во земјава по повод учеството на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан што ќе се одржи во Скопје.

Како што соопштија од СЕП, добредојде на О`Брајан му посака вицепремиерот Бојан Маричиќ и му се заблагодари за поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на Северна Македонија. 

Помошник државниот секретар О`Брајан е дел од Делегацијата на стратешките партнери на државата кои ќе учествуваат на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан на Европската Комисија, чијшто домаќин е Владата на Република Северна Македонија, вечерва и утре во Скопје. 

-Поддршката на САД кон Северна Македонија доаѓа секогаш во вистинско време, за што сме исклучително благодарни, рече вицепремиерот Маричиќ. 

Во пресрет на лидерската средба посветена на Планот за раст на Западен Балкан, нашата држава ја има таа чест да ги поврзува сите учесници, делегациите на земјите од регионот и со тоа да ја покажеме нашата сериозна посветеност кон евроатлантската интеграција, развивање и просперитет на државата и на регионот, наведуваат од СЕП. вг/

Фото: СЕП
 

Остани поврзан