Американската војска потврди дека Израел ја завршил првата фаза од повлекувањето од Газа
- Американската војска денеска потврди дека израелската армија ја завршила првата фаза од повлекувањето од Појасот Газа според новодоговорениот прекин на огнот меѓу Израел и исламистичката палестинска група Хамас.
Вашингтон, 10 октомври 2025 (МИА) - Американската војска денеска потврди дека израелската армија ја завршила првата фаза од повлекувањето од Појасот Газа според новодоговорениот прекин на огнот меѓу Израел и исламистичката палестинска група Хамас.
-Здружениот генералштаб на американските вооружени сили потврди дека израелските сили го завршиле повлекувањето до „жолтата линија“ во Газа во 12 часот по локално време“, напиша американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф на „Х“.
„Рокот од 72 часа за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа сега тече“, додаде тој. мс/
фото: ЕПА архива