• сабота, 23 ноември 2024

Американец осуден во Русија на 16 години затвор за шпионажа

Американец осуден во Русија на 16 години затвор за шпионажа
Москва, 15 јуни 2020 (МИА) - Руски суд денеска го осуди Американецот Пол Вилан на 16 години затвор за шпионажа. Судијата рече дека 50-годишниот поранешен маринец ќе ја издржува казната во максимално безбеден затвор.
Вилан, кој беше присутен во судот, веднаш рече дека ќе ја обжали пресудата и дека станува збор за лажен судски процес.
Тој уште од почеток вели дека е невин и дека сè му е наместено.
Американската амбасада претходно го осуди судењето на Вилан како неправедно и рече дека не се обезбедени докази за наводите.
Вилан, кој покрај своето американско државјанство има и британско, ирско и канадско, беше уапсен на 28 декември 2018 година. Руската служба за безбедност ФСБ наведува дека тој бил приведен додека извршил дело на шпионажа, што тој го негира. За тоа дело е казнет до 20 години затвор.
Адвокатот на Вилан во февруари изјави дека познаничка на неговиот клиент му доставила УСБ со доверливи информации за кои тој не знаел.
Според адвокатот, Вилан мислел дека станува збор за фотографии направени во нејзино друштво за време на претходниот престој во Русија. паг/
   

Остани поврзан